MyWorld во стечај
Австриската компанија MyWorld International AG, наследник на „Лајонес“ и позната по кешбек платформата, е во стечај. Со тоа неизвесна станува и иднината на „Лајконет“, мрежно-маркетинг фирмата што има единствен клиент – токму MyWorld.
Македонската подружница засега функционира
„MyWorld Македонија“, каде управител е Радован Витошевиќ, продолжува да работи, иако матичната компанија пропадна. Минатите години фирмата бележела приходи од над 3 милиони евра, но со минимална добивка – последната достапна бројка е само 45 илјади евра со осум вработени.
Што вели Зоран Витанов?
Зоран Витанов, претставник и акционер во „Лајконет Аустриа ГмбХ“, ја потврди информацијата за стечајот, но истакна дека кешбек услугата сè уште функционира.
„Лајконет е маркетинг агенција со еден единствен клиент – myWorld. Додека трае стечајот, автоматски престанува и работењето на Лајконет,“ изјави Витанов за Фактор.
Австриски милионер зад системот
Сопственик на MyWorld и Лајконет е Австриецот Хуберт Фрајдл, чие богатство се проценува на 500 милиони долари. Неговите компании со години беа предмет на контроверзии и истраги, а сега целата мрежа е пред голем колапс.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).