Херојска акција: Полицијата и брзата помош спасија жена од сигурна смрт во Вардар!

Денеска околу 14 часот во Скопје беше пријавен драматичен случај – жена се фрлила во реката Вардар под мостот на улицата „Војвода Васил Чакаларов“ во Карпош. Веднаш по дојавата реагирале полициските служби, кои на местото на настанот утврдиле дека жената сè уште дава знаци на живот.

Со брза и координирана акција, полицајците ја извлекле од реката, а потоа таа веднаш била пренесена со Итна медицинска помош во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување медицинска грижа.

Министерството за внатрешни работи потврди дека животот на жената е спасен благодарение на навремената реакција на полициските службеници и медицинските екипи.

ИНТЕРЕСНО:  Лишен од слобода возач во Куманово, управувал возило под дејство на алкохол

 


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО