Фотографија од тераса ја откри вистината: Аеродром живее во депонија

Во скопската општина Аеродром граѓаните буквално дишат и живеат во ѓубре. Додека чадот од запалената депонија Вардариште со денови ги гуши жителите и ги тера на протести, уште една еколошка закана излезе на површина – преполните контејнери низ населбата кои претставуваат санитарна бомба што чека да експлодира.

Фотографија од читател прикажува цела низа преполни садови за смет од кои отпадот се прелева на улица. Пластика, храна и хартија расфрлани наоколу, како немо сведоштво за неспособноста на комуналните служби да се справат со елементарна задача – редовно собирање на ѓубрето.

ИНТЕРЕСНО:  ПОЖАР ВО КАРПОШ 4: Пилот случајно забележал дим и спасил од катастрофа!

„Од мојата тераса гледам сметишта, не парк или зелена зона. Секојдневно се шири неподнослива смрдеа,“ коментира револтиран жител.

Оваа нова поплака се надоврзува на веќе постоечкиот револт поради Вардариште, што деновиве извади стотици луѓе на улица. Така, граѓаните на Аеродром се најдоа во ситуација на двоен еколошки кошмар: загаден воздух и преполни контејнери.

Прашањето кое сите го поставуваат е едноставно: има ли капацитет и волја општинските и градските власти конечно да излезат на крај со хаосот во кој тоне Аеродром?


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО