Фотографии од убиецот на Кирк – ФБИ нуди огромна награда

Американските федерални истражители објавија нови докази поврзани со убиството на конзервативниот инфлуенсер и близок сојузник на Доналд Трамп, Чарли Кирк. Според информациите, ФБИ ја пронашло пушката за која се сомнева дека била употребена при пукањето што вчера се случи на Универзитетот Јута Вели во градот Орем.

Станува збор за моќно снајперско оружје, оставено во пошумена област во близина на кампусот, кое сега детално се анализира со цел да се откријат евентуални траги од ДНК или отпечатоци.

Истовремено, на јавноста ѝ беа презентирани и фотографии од можниот напаѓач. Се опишува како маж во раните дваесетти, облечен целосно во црно, кој според безбедносните камери дошол на кампусот само неколку минути пред почетокот на настанот. Снимките прикажуваат вооружено лице кое се качува по скали до покривот на една од зградите.

Во моментот кога пред 3.000 луѓе Чарли Кирк зборувал за проблемот со масовните пукања во Америка, снајперски куршум го погодил директно во врат. Активистот веднаш паднал пред присутните, а подоцна им подлегнал на повредите во болница.

ИНТЕРЕСНО:  Елита во Радожда – браќата Миса инвестираат во модерно туристичко село

Според извештаите, убиецот веднаш по пукањето скокнал од покривот и избегал во соседната населба, оставајќи зад себе хаос, паника и страв меѓу студентите и граѓаните кои биле на настанот.

Комесарот за јавна безбедност на Јута, Бо Мејсон, изјави дека сите досегашни докази упатуваат на тоа дека напаѓачот е на возраст со студентите и дека добро се вклопил во кампусот, што му овозможило непречено движење пред и по злосторството.

ФБИ во меѓувреме понуди награда од 100.000 долари за секоја информација што би довела до апсење на убиецот, а истрагата се проширува и на поширокото подрачје на Орем.

Овој шокантен настан повторно го отвори прашањето за безбедноста на јавните собири и за растечките политички тензии во САД.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО