Филипче: „Кинески и руски пари стојат зад ВМРО-ДПМНЕ?“

Политичките препукувања околу аферата со прислушкување продолжуваат и секојдневно добиваат нови димензии. ВМРО-ДПМНЕ остро побара Јавното обвинителство, предводено од Љупчо Коцевски, да отвори истрага за тоа кој издал наредба за следење, бидејќи, како што тврдат, цел на службите бил и нивниот лидер Христијан Мицкоски.

Спротивно на тоа, од СДСМ порачаа дека клучот за разрешување на дилемата е во декласификацијата на документите од Агенцијата за национална безбедност, со што би се видела вистинската слика за целата афера.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“ изјави дека власта избегнува да ги отвори документите поради страв дека може да испливаат информации за сомнителни странски финансиски извори поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети на сомнежите околу унгарскиот кредит и можните врски со кинески или руски капитал, кои, според него, никогаш не биле до крај разјаснети, и кои би можеле повторно да излезат на виделина со декласификацијата.

Филипче нагласи дека глобалниот сојуз меѓу Русија и Кина дополнително ја прави оваа тема чувствителна и дека одредени финансиски текови од тие земји биле насочени и кон политички структури во Македонија за време на неговото владеење.

ИНТЕРЕСНО:  Кој лаже? Албанските ривали си разменуваат тешки обвинувања за скриени договори

Затоа, според него, власта нема волја да дозволи јавноста да види што се содржи во документите, бидејќи тоа би отворило многу непријатни прашања за политичкото финансирање и влијание.

Тој отвори и друга дилема, поврзана со тоа дали премиерот имал директна комуникација со лица кои биле предмет на обработка од АНБ и зошто би комуницирал со нив ако биле под сомнеж за активности што загрозуваат безбедност.

„Дали тој самиот бил следен или пак соработувал со оние што биле следени? Тоа е суштинското прашање што бара одговор,“ истакна Филипче.

На крајот, тој апелираше документите што побрзо да се декласифицираат за јавноста да добие вистинска слика и да се расчистат сите сомнежи околу аферата со прислушкувањето.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО