УХМР предупредува на град и пороен дожд

Времето останува нестабилно и денеска, со сериозно предупредување од УХМР за локални невремиња, појава на град и засилен ветер.

Според метеоролозите, времето ќе биде променливо облачно со локални поројни врнежи и грмежи. На некои места процесите ќе бидат поинтензивни, со обилен дожд, силни грмежи, ветер и можен град.

„Поради локалноста на процесите, количината на воден талог може значително да варира. На одредени локации може да биде многу поголема од онаа што е измерена на официјалните станици“, соопштува УХМР.

Максималната температура денеска ќе се движи меѓу 22 и 28°C. Во Скопје – променливо облачно, нестабилно, со дожд, грмежи и можност за град. Температурата во главниот град ќе достигне до 26°C.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО