ТРИ АКТИВНИ ПОЖАРИ ГО ГОЛТААТ ЈУГОТ – Македонија се буди под чад!

Македонија и денес се соочува со сериозна противпожарна криза – во изминатите 24 часа се регистрирани 28 пожари на отворено, од кои три се сè уште активни, пет се под контрола, а дваесет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Најкритична е ситуацијата во планинските предели помеѓу Василево, Радовиш и Берово, каде пламенот уништува нискостеблеста шума и густа вегетација. Теренот е непристапен, а интервенцијата е отежната.

Во Прилепско, кај селото Бешиште и Бешишки Рид, пожарот се шири кон Градешница и опасно се приближува до грчката граница. Интервенциите таму се прекинати поради присуство на детонации, што дополнително ја усложнува ситуацијата.

Третиот пожар се шири кај селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен, а огнот навлегува и на територијата на Кавадарци – во близина на Галиште и Трстеник. Станува збор за мешана шума и вегетација што сè уште гори.

ИНТЕРЕСНО:  СКАНДАЛ НА АРЕНАТА: Скандалозни извици „Илирида“ и „Голема Албанија“ од навивачите на Шкендија – МВР најавува санкции

Пет пожари се под контрола, меѓу кои во Македонски Брод, Штип, Карбинци и Каменица. Сепак, вкупната опасност не е помината – се работи за шумски подрачја кои можат лесно повторно да се разгорат.

Позитивна страна е што 20 пожари се изгаснати, вклучувајќи критични точки во Кумановско, Кичево, Охрид, Сарај и Бутел. Во некои случаи, огнот се приближил до куќи, но навремено е интервенирано.

Пожари беа забележани и на градска депонија во Делчево, гробишта во Струмица и дури на корени од домати – што покажува колку е сериозна ситуацијата низ целата држава.

Властите апелираат до граѓаните да бидат крајно претпазливи. Една искра може да значи нова катастрофа.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО