Страшна трагедија кај Чичево: Едно момче загина, две се борат за живот, четвртото со тешки повреди

Трагедија на патот кон Чичево

Сообраќајна несреќа на локалниот пат кон село Чичево, општина Градско, ја потресе Македонија. Во несреќата едно лице, Љ.О. (21 година), загина, две се во животно загрозувачка состојба, а четвртото лице се здоби со тешки телесни повреди.

Повредените се враќале од манастир

Автомобилот со четирите млади жители од Градско и Ногаевци се враќал по полноќ од славата на манастирот во село Чичево, кога излетал од коловозот.

Брза интервенција од Итна помош

– Испратени се две амбулантни возила, сите четворица повредени се пренесени на ургентен центар во Велес. Две лица во животно загрозувачка состојба се префрлени на КАРИЛ во Скопје, а едно лице со тешки телесни повреди е пренесено на клиниката Мајка Тереза, изјавија докторите.

ИНТЕРЕСНО:  За 14 месеци земјоделците добиле над 11 милијарди денари помош!

Детали од полицијата

– Автомобилот „БМВ“ со велешки регистарски ознаки управуван од П.А. (22) од Градско, излетал од коловозот. Возачот и неговите сопатници Љ.О. (21), Б.П. (20) и Х.Л. (22) се здобиле со тешки повреди, соопшти портпаролката на СВР Велес.

Истражни активности

Од Обвинителството Велес информираа дека автомобилот бил на вонреден технички преглед, телото на починатиот е дадено на обдукција, а кај трите лица се земаат примероци за утврдување на присуство на алкохол.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО