На 1 септември, 245.000 ученици ги отворија вратите на училишните клупи низ Македонија. Повеке од една третина се средношколци – во гимназиите и стручните средни училишта се запишани 67.200 млади, од кои 17.230 се „првачиња“ во средното образование. Наставата ќе ја водат 6.709 професори, со можност за мали отстапувања во конечните бројки што Министерството за образование ќе ги објави на крајот на месецот.
Новитети во образованието
-
Образовни асистенти: годинава се вклучени 130 асистенти за учениците кои имаат посебни потреби.
-
Вештачка интелигенција во наставата: наставниците и учениците добија прирачник за користење на AI во наставата.
-
Поголема поддршка за талентирани ученици и професионално/кариерно насочување за сите.
Пад на бројот на ученици – колку едно Јегуновце
Во последните 10 години, бројот на средношколци се намали за 13.152 ученици, од 80.295 во 2015/2016 до 67.143 во 2024/2025 година.
Најголем пад е забележан во Југоисточниот и Источниот Регион (‒26,9%), додека најмало намалување е во Скопскиот Регион (‒7,6%), каде што бројот на основци дури се зголемува.
Силно е погоден Полошкиот Регион, каде бројот на средношколци се намалил за 2.598 ученици, или ‒20,4%.
Наставници и паралелки – стабилност во падот
И покрај демографскиот пад, бројот на паралелки во средните училишта се одржува релативно стабилен: од 3.501 во 2018/2019 до 3.452 во 2024/2025 година.
Бројот на наставници исто така не доживеал драстични промени: од 7.341 во 2015/2016, до 7.084 во 2024/2025 година.
Долгорочни последици
Демографската криза директно се рефлектира во образованието – прво во основното, а потоа во средното. Празнењето на училишните клупи ќе ги зголеми административните и финансиските предизвици, а ќе влијае и врз работната сила и економијата.
Стручњаците предупредуваат дека решението не е само повеќе раѓање на деца, туку потребна е стратегија која ќе ги задржи младите и возрасните во државата.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).