Срам во Собранието: четири пати закажана, четири пати одложена седница за аферата „прислушување“

Во Собранието веќе неколку дена владее вистински хаос околу седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање, свикана по аферата со прислушувањето и следењето на премиерот Христијан Мицкоски, обвинителката Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев, повеќе редакции и бизнисмени.

Седницата требаше да биде клучен момент за да се добијат одговори: кој и зошто ги следел највисоките политички и медиумски фигури во земјава? Но наместо транспарентност, јавноста гледа само одлагања и конфузија.

Прво, седницата беше закажана за 5 септември во 11 часот. Веднаш потоа беше одложена – без образложение. Потоа повторно била закажана нова – за 10 септември во 11 часот, па пак одложена. Истата судбина ја доживеа и „петтата“ седница закажана истиот ден во 17 часот – и таа пропадна. Пратениците добиваат само пораки дека состаноците се одлагаат, со нови датуми и термини кои повторно не се реализираат.

ИНТЕРЕСНО:  Мицкоски со три итни предлози за Скопје

Сега најавата е дека седницата ќе се одржи на 10 септември во 10 часот. Дали овојпат навистина ќе се одржи – останува неизвесно.

Ситуацијата станува уште поапсурдна бидејќи претседател на комисијата е Скендер Реџепи, кој воопшто нема безбедносен сертификат за да раководи со работа која подразбира класифицирани информации. Прашањето е логично: како ќе се расправа за чувствителни материјали ако првиот човек на комисијата нема пристап до нив?

На новинарско прашање, Реџепи изјави дека моделот во Македонија треба да биде како во Словенија – пратениците автоматски да добиваат сертификат со добивањето на мандат. Но до тогаш, реалноста е дека телото што треба да ги надгледува тајните служби не може да одржи ниту една седница.

Аферата со прислушувањето веќе создаде силен политички потрес, а со ваквите одлагања јавноста останува без одговори, а недовербата кон институциите дополнително се продлабочува.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО