Скопје сведок на срамна сцена: мајка со аутистично дете во криза оставена без помош

На социјалните мрежи вчера се појави потресно сведоштво кое го разбуди гневот на јавноста. Во центарот на Скопје, на автобуската станица кај „Рекорд“, млада мајка со своето аутистично дете доживеала вистинска драма – наместо помош од присутните граѓани, се соочила со потсмев и навреди.

Сведочката Елена Доленц во свој Фејсбук статус опиша како детето добило силна криза: вриштело, сакало да влезе во автобус што не бил нивниот, клоцало и ги затворало ушите. Мајката очајно се обидувала да го смири, но немала сили, а во еден момент започнала и да плаче, изговарајќи на глас дека никој не ѝ помага, дури ни нејзината фамилија.

Детето потоа нагло истрчало на улица, пред автомобилите, кои морале да кочат и да свират за да избегнат трагедија. Мајката тргнала по него, но не успевала да го надмине бидејќи било крупно и силно. Доленц притрчала и го фатила за другата рака, обидувајќи се заедно со мајката да го тргнат детето на безбедно, додека околните мажи само гледале и се смееле.

„Се вртам кон луѓето и ги молам да ѝ помогнат на мајката, а тие сите до еден се потсмеваат,“ напиша таа.

ИНТЕРЕСНО:  Жена од Војшанци по која се трагаше 10 дена се јави: „Жива сум, не сум киднапирана – избегав поради семејно насилство“

Во тој момент им пришол постар човек и за кратко изгледало како конечно некој ќе се вмеша за да помогне. Но, неговата реакција шокирала уште повеќе – наместо поддршка, ѝ рекол на мајката „а да му залепиш една?“. Кога Доленц се спротивставила и му рекла да ја остави на мир, тој продолжил да „дава совети“, велејќи дека детето требало да биде тепано на време и дека „ќотекот“ бил решението.

Мајката уште повеќе се вознемирила, почнала да плаче, а детето повторно почнало да вришти и да се обидува да истрча на улица. Човекот кој даваше вакви совети стоел настрана, без да се загрижи дека детето може да настрада.

За среќа, на крај се појавил младо момче кое внимателно ја смирило мајката и помогнало да се стабилизира ситуацијата. Но, како што опиша Доленц, поголемиот дел од луѓето на станицата ја следеле сцената како претстава, смееле се и не мрднале прст.

 


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО