Скандал во образованието: Јаневска прво рече „има учебници“, денеска призна – нема

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, само за неколку дена ја смени својата изјава околу најчувствителното прашање за учениците и родителите – учебниците. На 31 август, еден ден пред стартот на новата учебна година, таа уверуваше дека „обезбедени се учебници за сите ученици“, но веќе денеска призна дека реалноста е поинаква – некаде има сериозни недостигнувања.

Јаневска рече дека во прво до трето одделение нема проблеми, но во четврто недостига учебник по математика, во петто има нов учебник по историја и општество, во шесто нов учебник по историја, а во седмо – комплетно нови учебници по сите предмети. Најголем проблем е во осмо одделение, каде што учебникот по историја е повлечен уште во 2019 година по барање на мешовитата комисија, па сега се дели материјал што воопшто не е одобрен.

Според министерката, за 14 дена ќе биде објавен конкурс за нови наставни програми за осмо одделение, а догодина ќе има целосно нови учебници. Таа призна дека стигнале поплаки од родители за оштетени и несоодветни учебници, но потсети дека законот предвидува тие да се обновуваат на секои 5 години, а ако се уништени – трошокот треба да го покријат родителите.

ИНТЕРЕСНО:  Тројца странски експерти ќе ја чешлаат работата на приватните болници по обвинувањата на Кедев!

На прашање колку пари се потрошени за учебници, Јаневска кажа дека оваа година државата издвојува околу 11 милиони евра.

Меѓутоа, родителите на социјалните мрежи имаат сосема поинакви сведоштва. Дел велат дека нивните деца добиле само половина од потребните учебници, некои добиле партали без корици, а имало и случаи каде што цели класови воопшто не добиле материјали. Проблеми се јавуваат и во средното образование – ученици во гимназии и стручни училишта воопшто немаат учебници.

Оваа ситуација е спротивна на изјавата на министерката од 1 септември, кога тврдеше дека МОН и општините обезбедиле „сите услови за квалитетна настава“ и дека „учебници има за сите ученици“.

На критиките од СДСМ, МОН возврати дека учебници има за сите и дека е испечатен целиот тираж побаран од училиштата преку електронска апликација. Министерството посочи дека се испечатени и нови учебници за седмо одделение, за прва година гимназии и по странските јазици кои недостасувале седум години.

Разликата помеѓу официјалните изјави и реалноста на терен отвора нова дебата: зошто, и покрај големите вложувања, децата во Македонија сè уште немаат целосни и квалитетни учебници на почеток на учебната година?


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО