Полицијата во Куманово повикала неколку лица на службен разговор поради инцидент на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија, одржан во саботата. Причината – скандирања со навредлива и националистичка содржина.
СВР Куманово соопшти дека по анализите во координација со јавниот обвинител ќе следуваат законски мерки, меѓу кои и кривични постапки против идентификуваните лица. Во тек се активности за целосно расчистување на случајот.
Од Јавното обвинителство Куманово потврдија дека постапуваат по настанот и дека имаат издадено неколку наредби – вклучително и барање до полицијата за прибирање видео-снимки со цел идентификација на инволвираните лица.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).