Соопштение за медиуми од СДММ:
Денес, СДММ и Младината на Сириза ја потпишаа Заедничката декларација за соработка и солидарност!
Преспанскиот договор претставува темел за ново пријателство и соработка, отворајќи нови перспективи за младите од двете земји. Го истакнуваме Преспанскиот договор како историски исчекор кон мир, меѓусебно признавање и регионална стабилност.
Договорот отвора нови можности за соработка помеѓу Грција и Северна Македонија, зајакнувајќи ги добрососедските односи и поддржувајќи го патот кон интеграција во Европската унија.
Ова достигнување го гледаме како позитивен пример за тоа како прогресивните сили на Балканот можат да застанат против национализмот и како дијалогот, компромисот и взаемно прифатливите решенија можат да донесат трајни придобивки за двете држави, особено за младите генерации.
Заеднички ќе разменуваме искуства, ќе ја зајакнуваме билатералната соработка и ќе градиме нови мостови кон европска иднина, демократија и младинска енергија.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).
Следете нѐ на Фејсбук
ОВДЕ