Струшката полиција во рамки на засилени сообраќајни контроли одзеде четири луксузни автомобили во рок од два дена поради прекумерна бучавост и сомнеж за техничка неисправност. Возилата – две „БМВ“, едно „Ауди“ и едно „Ламборџини“ – ќе бидат испратени на вонреден технички преглед, а ќе следат и законски постапки против возачите.
На 1 август полицијата сопре „БМВ“ со швајцарски ознаки, управувано од 22-годишен стружанец кој живее во Швајцарија, и „Ауди“ со струмички таблички управувано од државјанин со престој во Холандија. Истата вечер е запрено и уште едно „БМВ“, возено од жител на Радолишта, кое немало важни сообраќајни документи.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).