Полицијата откри плантажа со марихуана во дворот на 65-годишен жител на селото Стојаково, општина Богданци. Како што информираат од СВР Струмица – ОВР Гевгелија, против Т.К. е поднесена кривична пријава, а судот му одредил притвор.
На 4 август, по наредба од суд, бил извршен претрес во неговиот дом и дворно место, при што биле пронајдени 56 стебла марихуана со височина до 2,80 метри, сувa марихуана, семки од канабис, дробилка и други предмети со остатоци од дрога.
Т.К. бил приведен и задржан во Полициската станица Гевгелија, а потоа изведен пред судија во Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).