Сончев удар демне – предупредување за критичен топлотен бран до 13 август
Македонија влегува во опасен топлотен период – од 8 до 13 август, температурите во одредени делови на земјата може да се искачат до 39 степени Целзиусови, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
По повод најавените екстремни горештини, Министерството за здравство излезе со итни препораки до граѓаните, со цел превенција од здравствени последици.
Што советуваат лекарите? Еве како да се заштитите од топлотен удар
- Престојувајте во разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот
- Пијте многу вода – избегнувајте алкохол и засладени пијалаци
- Облекувајте се лесно и светло, заштитете ја главата и очите
- Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови
- Внимавајте на најранливите: деца, стари лица, хронично болни и бремени жени
- При симптоми како гадење, главоболка, вртоглавица – веднаш побарајте помош
- Одложете патувања и активности на отворено до вечерните часови
- Одржувајте пријатна температура дома и на работното место (до 25°C)
МЗ: Ситуацијата се следи од ден за ден
Од Министерството најавуваат дека будно ја следат временската состојба и се подготвени за брза реакција доколку е потребно.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).