Панче Тошковски: Секунди ме делеа од оставка по пожарот во „Пулс

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во интервју за Радио Слободна Европа откри дека сериозно размислувал да поднесе оставка од морални причини по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но на крајот се решил да остане на функцијата.

Тошковски раскажа дека бил на работ да се повлече од позицијата, но токму на погребот на полицаецот од Радовиш кој трагично загина во пожарот, дошол момент што го разубедил. Таткото на загинатиот полицаец, пред илјадници присутни, му се обратил со зборови кои, како што рече министерот, силно го погодиле.

„Ми пристапи таткото и ми порача дека ме следи од почетокот на мандатот, дека гледа како се кршам морално, но најголема грешка која би ја направил е да се повлечам. Ми кажа дека тоа би било најлесното нешто за мене, но и најпогубното за Македонија во тој момент“, изјави Тошковски.

ИНТЕРЕСНО:  Крвава пресметка во Виница – четири убоди со нож, осомничениот фатен по бегство!

Тој додаде дека зборовите на родителот на загинатиот полицаец го натерале да размисли поинаку и да ја донесе одлуката да остане на функцијата.

„Очекувањето од мене беше да бидам максимално професионален и целосно посветен, не само за расчистување на случајот со ’Пулс’, туку и за сите криминали што ја уништуваа државата последните 30 години“, рече министерот.

Тошковски призна дека токму оваа ситуација била пресвртница за него, поради што продолжил со својата работа, уверувајќи дека останува посветен на борбата против криминалот и на одговорноста која ја носи функцијата.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО