Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,24% во однос на претходната одлука од 28 јули 2025 година.
Според анализите, на светските пазари цените на бензините пораснале за 2,2%, додека кај дизелот и екстра лесното масло е забележано намалување од над 3%. Мазутот има мало зголемување од 0,63%. Дополнително, курсот на денарот кон доларот пораснал за нешто над 1%, што исто така влијаело врз новата пресметка.
Согласно со новата одлука, од 5 август 2025 година по 00:01 часот, новите максимални малопродажни цени на горивата се:
-
ЕУРОСУПЕР БС – 95: 75,00 денари за литар
-
ЕУРОСУПЕР БС – 98: 77,00 денари за литар
Цените ќе важат сè до следната корекција од страна на РКЕ, во согласност со движењата на светските берзи и курсевите на валутите.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).