Оганот не се смирува – Активни пожари беснеат низ Македонија

Центарот за управување со кризи соопшти дека моментално има четири активни пожари на територијата на Македонија – во општините Чашка, Липково, Студеничани и Македонски Брод.

Во Чашка, над Богомила, гори мешана шума. Во Липково, меѓу селата Ваксинце и Слупчане, е опожарена нискостеблеста шума. Во Студеничани, кај селото Дречавица, гори планински шумски предел, а во Македонски Брод, кај селото Грешница, пожарот зафатил деградирана нискостеблеста шума.

Под контрола се пожарите кај село Стровија во општина Долнени и кај село Церово во општина Желино.

ИНТЕРЕСНО:  Закана за експлозивна направа во авион – сообраќајот на Скопскиот аеродром стопиран со часови

Според ЦУК, во последните 24 часа биле регистрирани вкупно 23 пожари, од кои 17 се изгаснати. Ситуацијата останува сериозна и институциите апелираат на крајна внимателност.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО