ОБВИНУВАЊА И ПЛАМЕНИ: Земјата гори, а партиските пресови фрлаат нови искри!

Во услови на пожари кои пустошат низ Македонија, политичките препукувања не запираат. СДСМ остро реагираше на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, кои преку партискиот претставник Миле Лефков обвинија дека поранешен шофер на Зоран Заев бил уапсен за подметнување пожар во Струмица.

Од СДСМ ги отфрлаат обвиненијата како „бедни и очајни лаги“, истакнувајќи дека лицето што го споменуваат никогаш не бил ниту шофер, ниту телохранител на Заев. Според нив, овие обвинувања се обид за дефокус од реалноста – дека државата се соочува со катастрофални пожари, а институциите не реагираат ефикасно.

ИНТЕРЕСНО:  Мицкоски со порака на годишнината од Охридскиот договор: „Куферите што си заминуваат немаат националност“

Партијата обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски се директно одговорни за неспособноста да се справат со кризата: „Изгоре над 20% од територијата, нема опрема, нема пожарникари, нема авиони – има само лаги, прес-конференции и луксуз.“

Дополнително, СДСМ посочи дека додека граѓаните со кофи и лопати се борат со пламените јазици, власта троши народни пари на „луксуз, морски плодови и приватни летови“, оставајќи ги луѓето сами во борбата за спас на своите животи и имот.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО