Независните иницијативи формираат партии за да излезат на избори

Од иницијативи до партии

Откако власта и опозицијата со законски измени го отежнаа настапот на независни листи, граѓанските иницијативи почнаа да собираат потписи за формирање партии. За регистрација им се потребни 1.000 потписи од цела Македонија.


„Независни заедно“ – платформа за повеќе општини

Иницијативите Шанса за Центар, Независни за Карпош и Зелените од Гази Баба ќе формираат заедничка партија под името „Независни заедно“.
„Ова е граѓанска платформа што ги обединува луѓето од различни општини – за чесна, одговорна и транспарентна политика, одоздола нагоре. Отворени сме за независни групи, еко-активисти и сите граѓани што сакаат промени“, велат од иницијативата.

ИНТЕРЕСНО:  Каде ќе одморат политичарите?

„Зелен Хуман Град“ – партија од волонтери

Своја партија формира и иницијативата Зелен Хуман Град, која ќе настапи самостојно. Тие нагласуваат дека се принудени на овој чекор за да имаат право на избори, но нивната агенда останува иста: социјална правда, заштита на животните и животната средина.
„За Скопје какво што заслужуваме! Првата партија во Македонија што ја основаат долгогодишни волонтери, а не спонзори“, порачуваат од ЗХГ.


Кратки рокови, големи предизвици

И двете иницијативи истакнуваат дека роковите се кратки, а правилата строги, но се решени да се борат за политичка промена преку нови форми на граѓанско организирање.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО