Мојсоска: младите се жртви на корупција, партизација и сиромаштија

 

 

Во македонските училишта оваа учебна година се запишале 27.000 ученици помалку во споредба со пред една деценија, алармираше пратеничката на Левица, Мојсоска, за време на собраниската расправа. Таа го искористи говорот за да предупреди дека државата се соочува со драматичен пад на бројот на ученици и масовно иселување, а власта не покажува волја за суштински промени.

Мојсоска потсети дека во последните десет години Македонија изгубила околу 20.000 семејства, што значи десетици илјади потенцијални лекари, инженери, наставници и професори кои својата иднина ја граделе во странство, наместо дома. „Нашите најдобри умови се избркани да го инвестираат својот потенцијал во други држави. За овој егзодус не можете да ја избегнете одговорноста,“ порача таа.

ИНТЕРЕСНО:  ДУИ работела за Белград, а не за Косово – Вреди удри по Ахмети и Османи!

Според пратеничката, младите живеат во систем заробен од партизација, корупција, медиокритети и сиромаштија, што ги тера да ја бараат својата иднина надвор. Таа предупреди и на сериозната социјална раслоеност – додека голем дел од граѓаните едвај обезбедуваат покрив над глава, функционерите-милионери го трошат своето богатство по Монако и Дубаи.

Во говорот, Мојсоска нагласи дека предложениот пакет-закони за млади бил „последен крик“ на генерацијата што сака да остане во Македонија и да ја гради својата иднина тука. Но владејачкото мнозинство, со арогантно одбивање и без никакво образложение, ги блокирало мерките, праќајќи порака дека нема стратегија за запирање на иселувањето.

 

 


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО