Филков со провокативна изјава
Министерот за правда, Игор Филков, изјави дека можеби е време да се размислува за ревидирање на Бадентеровото мнозинство, бидејќи, според него, тоа се злоупотребува за блокирање закони и одлуки.
ДУИ: „Опасна идеја“
Реакцијата на ДУИ беше остра – потпретседателот Арбр Адеми предупреди дека такви идеи можат сериозно да ги заострат меѓуетничките односи и дека претставуваат директен напад врз Охридскиот рамковен договор. „Опасни идеолози мислат дека мултиетничките држави не се функционални – тоа може да доведе до нарушување на односите,“ рече Адеми.
Мицкоски категоричен
Премиерот Христијан Мицкоски експлицитно го одби предлогот. „Бадентеровото мнозинство е дел од Охридскиот рамковен договор, тој е дел од Уставот и тоа е завршена работа. Тоа е затворена тема,“ изјави тој, додавајќи дека вистинскиот проблем бил балансерот, за што Владата веќе предложила решение.
Нов судир околу бројот на советници
ДУИ реагираше и на владината одлука за намалување на бројот на општински советници. Според Адеми, тоа е спротивно на Уставот и Законот за локална самоуправа, а со ова, како што вели, се нарушува правичното претставување во општините.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).