Мицкоски со жестока порака од саемот на градоначалници: „Четири години работа без афери – време е Македонија да каже НЕ на ДУИ и СДСМ!“

„Четири години работа за тебе“

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на отворањето на саемот на градоначалници со наслов „Четири години работа за тебе“ порача дека изминатиот период покажал дека локалната власт предводена од неговата партија успеала да ги врати општините „на вистинскиот пат“.

Покажавме дека четири години работиме за секој еден човек, и дека програмата која ја ветивме во најголем дел е оставрена. Работливо и посветено, без ветување на чуда, но со многу ентузијазам за подобра иднина,“ изјави Мицкоски.

Без афери и скандали

Тој додаде дека за разлика од минатото, кога општините биле обременети со скандали и криминални зделки, сегашните градоначалници ја задржале довербата и „немаат ниту една афера зад себе“.

Четири години подоцна можам да кажам дека одговоривте на дадената доверба, го задржавте образот пред граѓаните.

Инфраструктура и инвестиции

Мицкоски ги презентираше бројките за направеното:

  • над 770 километри изградени и реконструирани патишта во вредност од 100 милиони евра

  • 46.840 метри нови водоводи и 91.000 метри канализација

  • седум пазари и дванаесет пречистителни станици

  • над 400 реконструирани училишта и над 70 градинки, со изградба на уште неколку десетици нови

  • 274 спортски и детски терени

Поддршка од централната власт

Според него, само за една година откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде централната власт биле обезбедени 500 милиони евра за капитални инвестиции, од кои 100 милиони веќе се реализираат на терен.

Свесен сум за сите недостатоци и потреби на граѓаните, но горд сум на постигнатото и на промените кои ги правиме заедно,“ порача Мицкоски.

ИНТЕРЕСНО:  Денко Малески со жестока колумна: „Израел спроведува политика на геноцид – Македонија мора да ја признае Палестина!“

Лекциите од минатите избори

Мицкоски призна дека партијата направила грешки во изборот на некои градоначалници, посочувајќи кон Скопје и една скопска општина. „Лекцијата е научена. Жалам што вложив кредибилитет, но тоа нема да се повтори. Сега одиме со сигурни луѓе кои ќе придонесат за развојот на општините.

„Градоначалникот мора да биде слуга, а не господар“

Тој нагласи дека секој градоначалник мора да биде работлив, чесен и достоен:
Не политичари што мислат на следниот изборен циклус, туку луѓе што мислат на идните генерации. Не луѓе што ветуваат, туку луѓе што исполнуваат.

Најава за промени во владата

Мицкоски најави дека веднаш по изборите ќе следат кадровски промени и „реконструкција“ на владата за да се зголеми капацитетот и темпото на работа. „Ниту една функција не е вечна, време е за нови луѓе и нова енергија,“ додаде тој.

Остра критика кон СДСМ и ДУИ

Според Мицкоски, опозицијата работи на „таен план против народот“.
ДУИ и СДСМ имаат сценарио за хаос и манипулација, со длабоката држава во судството и институциите. Но народот знае дека се политички измамници, гробари на демократијата и слуги на криминалот.

„Нова ера за ВМРО-ДПМНЕ“

На крај, тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е гаранција дека „иднината ќе се врати во рацете на народот“, најавувајќи дека партијата веќе почнува со подготовка на новата програма и повикувајќи ги граѓаните да дадат свои предлози.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО