Мицкоски и Вучевиќ на братска дружба во Охрид

Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, престојуваше во Охрид како гостин на премиерот на Северна Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Средбата помина во пријателски дух, при што двајцата политичари разговараа за регионалните прашања на Западен Балкан, како и за соработката помеѓу двете сестрински партии – ВМРО-ДПМНЕ и СНС.

Во рамки на посетата, Вучевиќ заедно со охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, го посети манастирот „Свети Наум“, кој го нарече „голема православна светиња“ и нагласи важноста на охридското духовно наследство за целиот регион.

Мицкоски изрази благодарност за посетата и рече дека му било чест да му ги покаже убавините на Охрид, кој го нарече „балканска, европска и светска бисерна дестинација“. Тој додаде дека ваквите средби ја продлабочуваат пријателската врска меѓу македонскиот и српскиот народ.

ИНТЕРЕСНО:  ШОКАНТНА КОЛУМНА НА КИМ МЕХМЕТИ: „Македонските елити се србизирани Бугари и асимилирани Албанци!“

Од своја страна, Вучевиќ истакна дека средбата со Мицкоски придонесува за зајакнување на односите меѓу двете партии, како и за продлабочување на соработката помеѓу Србија и Северна Македонија. Тој го нарече Охрид „центар на македонската култура и православие“ и порача дека ќе го понесе ова искуство со себе во Србија како „убава меморија“.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО