Мицкоски за локалните избори: Историски резултат за продолжување на реформската агенда
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од РЕК Битола порача дека партијата и коалицијата сериозно се подготвуваат за претстојните локални избори со цел да се постигне историски резултат и да продолжи реформската агенда на Владата.
– Како политичка партија и коалиција, пристапуваме кон кампањата многу јасно и силно. Сакаме да направиме историски резултат и да го продолжиме периодот на реформи, особено она што се гради денес во Македонија.
И покрај тоа што бројките покажуваат дека Коњановски веќе е победник во првиот круг, ќе се обидеме до последен момент да обезбедиме повеќе гласови и да убедиме граѓани да гласаат, затоа што само така можеме да ја потврдиме реформската агенда на Владата – изјави Мицкоски.
Во рамки на посетата на РЕК Битола, Мицкоски им честиташе и на рударите за нивниот ден и на оние што го слават празникот Пресвета Богородица.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).