Мисајловски: Набавката на хеликоптерите од „Леонардо“ е во тек, тие ќе можат да се користат и за гаснење пожари

Министерот за одбрана Владо Мисајловски изјави дека набавката на хеликоптерите од италијанскиот производител „Леонардо“ е во тек, но правните проблеми сè уште ја попречуваат испораката. Со помош на адвокатска фирма, Министерството секојдневно работи на расчистување на компликациите. Вториот дел од плаќањето — 70 милиони евра — веќе е исплатен.

Хеликоптерите, од типот AW149 и AW169M, ќе бидат опремени за справување со пожари и ќе доаѓаат со целосна логистичка и обука поддршка. Сепак, испораката се очекува дури од 2026 до 2028 година.

ИНТЕРЕСНО:  „Маршот на ангелите“ ја бранува Македонија: Родителите на жртвите од кочанската трагедија бесни – судот и обвинителството се уште тапкаат во место!

Мисајловски обвини дека договорот склучен од претходната влада е проблематичен — спорно било времето на набавката, неповолниот избор на понуда, како и разликата во цените од првичната понуда до конечниот договор. Вкупната вредност на договорот изнесува 249,5 милиони евра.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО