Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ го разобличи Димче Апасиев

Политичка двојност или лицемерие?

Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на последните обвинувања против него од страна на Димче Апасиев, нагласувајќи дека вистината често боли, па затоа, според него, Апасиев наместо да одговори на фактите – се служи со лични навреди. Лефков го обвинува лидерот на „Левица“ дека има двојни стандарди, критикувајќи го за јавното анти-ЕУ дејствување и истовремено користење на европски фондови од неговото семејство.

„Суштината е јасна: не можеш да се претставуваш како политичар против ЕУ, да зборуваш дека ‘глобалистите и амбасадите’ ја корумпираат македонската политика, а најблиското семејство да користи европски пари од Еразмус програмите“, изјави Лефков. Тој посочи дека во својот мандат како член на Комисијата за европски прашања активно се спротивставувал на злоупотреби со европски фондови, додека, според него, Апасиев и неговото семејство во тоа време ја користеле таа можност за лична добивка.

Лаги и троловски кампањи

Лефков потенцира дека по објавата за европското финансирање, Апасиев ја мобилизирал својата „троловска армија“ на интернет, објавувајќи лаги и клевети со цел да го омаловажи. „Но вистината е една – разобличен е до даска“, истакна Лефков.

ИНТЕРЕСНО:  Мицкоски: „До последен момент ќе убедуваме граѓани – Коњановски веќе е победник, но реформите мора да продолжат!“

Тој додаде дека јавноста има право да знае:

  • Кој му го обезбедил станот по цена што обичните граѓани никогаш не би можеле да ја добијат?

  • Кој му ги плаќа одморите низ Европа додека глуми анти-ЕУ револуционер?

  • Кој друг успеал да добие дуќан по таква поволна цена во центарот на Скопје, освен Апасиев и Артан Груби?

Лефков за лицемерието во политиката

„Такви двојни стандарди не се политика – тоа е лицемерие на квадрат“, нагласи Лефков. Тој обвини дека не може да се плука Европа, да се проповеда за имеријалистички сили и паралелно да се живее од европски пари.

„Не можеш да проповедаш морал, а да бидеш шеф на троловско подземје што фабрикува лаги за политички противници. Разобличен си лажго кој нарачува најдолни клевети, ама нема лутење. Толку ти е силна желбата да ме наклеветиш што изгледаш очајно“, порача Лефков.

Тој нагласи дека некогаш Апасиев бил по креативен и енергичен, но, според него, сега е „расипан“ од деловниот простор и финансиските привилегии кои ги поседува, што според Лефков дополнително ја открива неговата лицемерна политика.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО