МВР потврди: лишен од слобода возачот на министерот за култура Љутков

Возачот на министерот за култура, Зоран Љутков, вчера вечер бил запрен во Штип откако со службеното возило бил фатен како вози двојно над дозволената брзина.

Министерот Љутков, кој во тоа време присуствувал на свечен настан во градот, на социјалните мрежи сподели објава за концертот во Домот на културата „Ацо Шопов“.

Тој истакна дека вечерта во Штип оживеала историјата на македонската опера преку настапот на оперските солисти и Оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска.

На концертот бил одбележан јубилејот – 100 години од првата изведба на операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Македонија, дело кое го поставил Сергеј Михајлов во Штип.

Публиката имала можност да ужива во арии и интермецо од „Палјачи“, но и во изведби од Пучини, Верди и Бизе, со настапи на познати имиња како Павлина Новакова-Георгиев, Ристе Велков и Елена Голомеова.

ИНТЕРЕСНО:  Реформите на АНБ не успеаја – незаконско прислушување продолжува!

Љутков во својата објава напиша дека со ова чествување се потврдува континуитетот на македонската оперска сцена и нејзината важност за културниот идентитет на земјата.

Истата вечер, додека министерот ја славел традицијата на операта, неговиот возач бил застанат од полицијата при контрола на сообраќајот во Штип.

Од МВР  го потврдија случајот, наведувајќи дека возачот со иницијали Д.Ц. (48) од Скопје бил лишен од слобода.

При радарската контрола било утврдено дека возел со 107 километри на час на улица „Железничка“, каде што дозволената брзина е 50 километри на час.

Полицијата истакна дека возачот управувал со патничко возило марка „шкода“ со скопски регистарски ознаки, а случајот е целосно документиран.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО