„Маршот на ангелите“ ја бранува Македонија: Родителите на жртвите од кочанската трагедија бесни – судот и обвинителството се уште тапкаат во место!

Во март годинава, Македонија ја потресе една од најстрашните трагедии во поновата историја – пожар во дискотеката во Кочани, во кој животот го загубија 62 млади луѓе. Пет месеци подоцна, болката на семејствата не стивнува, а нивната борба за правда продолжува преку секонеделните протести познати како „Марш на ангелите“.

Додека роднините излегуваат на улица барајќи одговорност, Кривичниот суд во Скопје се уште го оценува обвинителниот акт за несреќата. Документот тежи повеќе од 160 страници и содржи обемен доказен материјал. Обвинети се 34 лица и три компании, а случајот е префрлен од Основниот суд во Кочани во Скопје поради недостиг на судски капацитети таму.

Според неофицијални информации, 39 адвокати кои застапуваат 34 обвинети поднеле приговори на обвинението, но судот чека да истече рокот од осум дена за евентуално пристигнување на приговори преку пошта. Советот кој ќе го оценува обвинението е составен од тројца судии – Моника Бахчовановска како претседател и двајца судии од одделот за организиран криминал, Илија Трпков и Софче Гаврилова.

Од Судот појаснуваат дека процесот ќе биде долг поради обемноста на материјалот, споредувајќи го со случаи како „Синџир“ и „Адитив“, за кои оценката траела околу четири месеци. Велат дека се преземаат сите законски обврски за навремена и коректна постапка, со почитување на правата на сите страни за да не се случат пропусти што би ја компромитирале идната судска постапка.

Обвинителниот акт ги товари обвинетите за „тешки дела против општата сигурност“ со предизвикани смртни последици, кривично дело кое носи затворски казни од три до дваесет години. Обвинителството тврди дека сите обвинети, преку дејствија или пропуштање да дејствуваат, придонеле за катастрофалниот исход, а особено се истакнува одговорноста на службени лица и функционери.

ИНТЕРЕСНО:  Предупредување пред клучна седница – „можен изборен хаос“ ако не се внимава

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ смета дека поднесувањето приговори стана само формалност и дека судот најверојатно ќе ги одбие. Тој исто така ја оспорува можноста сите обвинети да бидат опфатени со иста правна квалификација, тврдејќи дека не може да се докаже директна врска меѓу нивните дејствија и законската дефиниција на делото.

Судскиот процес, според извори, најверојатно ќе се одвива во специјално изградена судница во затворот „Идризово“. Во меѓувреме, Обвинителството продолжува со истраги за некои лица кои не се опфатени со обвинението. Меѓу нив се 27 полициски службеници, за кои се води постапка во специјализирано одделение за дела сторени од припадници на МВР, како и пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој е на лекување поради сериозни повреди.

Истражните органи работат и на случајот со неформалниот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, кој беше уапсен последен, речиси три месеци по трагедијата.

Меѓу обвинетите има и актуелни политичари – министерот без ресор Шабан Салиу, кој е под мерки на претпазливост, но сè уште ја извршува функцијата и ги користи нејзините бенефиции, како и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, кој активно се појавува на социјалните мрежи во поддршка на кандидати од ДУИ.

Во меѓувреме, семејствата на жртвите не се задоволни од досегашниот напредок. Секоја сабота тие маршираат по улиците на Кочани во чест на своите најблиски, повторувајќи дека нема да се откажат додека не ја добијат правдата што ја заслужуваат и бараат оставки од одговорните.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО