Мали партии со десетици гласови земаат илјадници евра – вака изгледа „платеното постоење“ во Македонија

 

Иницијативата „Независни за Карпош“ остро реагира дека во држава која важи за сиромашна, задолжена и со масовна емиграција, политичките партии добиваат милиони евра од буџетот – без отчетност и без гаранција за корист за граѓаните.

Според Законот за финансирање на политички партии, државата секоја година издвојува 0,15% од вкупните изворни приходи на буџетот. Од тие пари, 30% рамномерно се делат на сите партии што освоиле најмалку 1% од гласовите, а 70% според бројот на пратеници и советници.

Овој модел, велат од иницијативата, создава систем на „платено постоење“ – бидејќи многу мали партии со само неколку десетици гласови добиваат државни пари. Како примери наведуваат:

  • во Ранковце, партијата Интегра со само 43 гласа (1,93%) успеала да добие право на финансирање;

  • во Демир Капија, Единствена Македонија со 37 гласа (1,5%) го исполнила условот.

ИНТЕРЕСНО:  Шокантно убиство во Кавадарци: 43-годишен маж изгуби живот во физичка пресметка!

„Големите партии добиваат најмногу, но и мали партии опстануваат финансиски, иако немаат ниту тежина, ниту препознатливост. Над 60 партии земале пари, а најголем дел од нив немаат ниту пратеник, ниту советник“, велат од „Независни за Карпош“.

Како решение предлагаат:

  • целосно укинување на државното финансирање за локални избори;

  • за парламентарни избори да остане само скромен износ – три просечни плати по освоен пратеник.

Со овој модел, за 120 пратеници би се издвојувале околу 150 илјади евра годишно (или 100 илјади ако бројот се намали на 90), што е драстично помалку од планираните 8,3 милиони евра за 2025 година.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО