ВМРО-ДПМНЕ синоќа на седница на Извршниот комитет донесе важна стратегиска одлука за претстојните локални избори: партијата нема да истакне сопствени кандидати за градоначалници во Куманово и во Центар, туку ќе застане зад кандидатите на својот коалициски партнер ЗНАМ. Неофицијално, тоа значи поддршка за актуелниот градоначалник Максим Димитриевски во Куманово и за Мирослав Лабудовиќ во Центар.
На теренот веќе е познато и со кого ќе влезат во изборна трка: СДСМ го кандидира Мартин Костовски за Куманово и актуелниот градоначалник Горан Герасимовски за Центар. Дополнителна динамика носат и независните кандидати – во Центар ќе настапи Билјана Ивановска со поддршка од иницијативата „Независни заедно“, додека во Куманово влегуваат во трка Горан Стојковски – Диро од „Ред за Куманово“ и Нинослав Јакимовски.
Иако се шпекулираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се повлече и во Кичево, сепак ИК предложи кандидат – Александар Јовановски. Со тоа, партијата утврди имиња за уште 16 општини низ државата. Меѓу нив е и Ерџан Демир за Шуто Оризари, кој беше вработен пред само еден месец во М-НАВ на оглас што беше оценет како компромитиран поради тоа што бил наменет само за партиски кадри.
Останатите кандидати се:
-
Јане Мицески (Сопиште)
-
Александар Јовановски (Кичево)
-
Оливер Алексовски (Крива Паланка)
-
Омер Јакупоски (Маврово и Ростуше)
-
Сашо Ронковски (Кривогаштани)
-
Нико Чонески (Крушево)
-
Ѓоко Камчев (Валандово)
-
Митко Костадиновски (Виница)
-
Никола Недоски (Демир Хисар)
-
Јордан Костадинов (Чешиново-Облешево)
-
Љупчо Почиганец (Радовиш)
-
Дејан Андоновски (Чашка)
-
Дејан Проданоски (Прилеп)
-
Петар Јанков (Струмица)
-
Благој Ацев (Неготино)
За Кисела Вода, како што рече генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски, сè уште се прават анкети и наскоро ќе биде соопштено конечниот кандидат.
„Убедени сме во способноста на секој еден избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите области и сектори на работа,“ изјави Сајкоски.
Локалните избори ќе се одржат во два круга – првиот на 19 октомври, а вториот на 2 ноември.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).