Македонија чува 6,9 тони злато – еве колку вреди богатството на државата

Секоја држава чува свои резерви на злато – познатите златни шипки и плочки со висока чистота кои централните банки ги чуваат како гаранција за стабилноста на економијата. Ова злато, познато како монетарно злато, не служи за индустриски или комерцијални цели, туку исклучиво за монетарни и финансиски потреби.

Според најновите податоци од Народната банка, Македонија поседува монетарно злато во вредност од околу 647,8 милиони евра, што претставува 13,6% од вкупните девизни резерви на државата. Светскиот совет за злато потврдува дека нашата земја располага со 6,9 тони монетарно злато, што ја става на 81-то место од вкупно 100 држави на глобалната ранг-листа.

За споредба, Словенија има помалку – 3,7 тони злато, додека во регионот предничи Србија со 50,8 тони, што изнесува 16,6% од нивните девизни резерви. Во глобални рамки, најмногу злато имаат САД со 8.133 тони, додека најмалку има Исланд – само 2 тони.

ИНТЕРЕСНО:  Седум години без Ванчо Петрушевски: Човекот што ни ги оживеа „Македонските народни приказни“ и го сакаше цела Македонија!

Светскиот совет за злато во својот јулски извештај наведува дека златото во просек сочинува 21,7% од светските официјални резерви, додека во еврозоната дури 66,5%. Вкупно земјите поседуваат 36.359,7 тони монетарно злато, од кои над една четвртина се концентрирани во еврозоната.

Во структурата на македонските девизни резерви, вкупно 4,75 милијарди евра, најголем дел – 74,6% – се пласирани во хартии од вредност, додека златото учествува со 13,6%. Преостанатите 11,7% се во форма на валути и депозити.

Златото останува симбол на сигурност и доверба, иако денес е само еден дел од комплексниот систем на меѓународни финансии. Сепак, државите како Македонија го сметаат за клучна алатка за стабилност, особено во времиња на глобални економски кризи.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО