„Лозарите предадени“ – Велевски обвинува: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги остави без цена и поддршка

Берба во хаос: Почеток без цена, без договор, без помош

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Виктор Велевски, од редовите на СДСМ, одржа теренска прес-конференција во која жестоко ја нападна Владата на ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече, целосна негрижа кон лозарите и игнорирање на законските обврски.

– Лозарите ја почнуваат бербата во целосна неизвесност. Нема цена, нема договор, нема поддршка. Наместо сигурност, има тишина од Владата – изјави Велевски.

„Се фалат со историска цена, а зголемувањето е 0,50 денари – тоа е навреда“

Велевски обвини дека и покрај Законот за вино, кој стапи на сила во март 2024 и кој налага Министерството за земјоделство до 15 јули да утврди производна цена за смедеревка и вранец – оваа обврска останала неисполнета. Дополнително, законот предвидува откупната цена да биде минимум 25% над производната.

ИНТЕРЕСНО:  Ахмети со жестока порака на годишнината од Охридскиот договор: „Денес или никогаш – да ја зачуваме заедничката држава!“

– Владата не само што го прекрши законот, туку се дрзнува да се фали со зголемување од 0,50 денари – тоа е понижување за трудот на лозарите – рече Велевски.

„СДСМ ве заштити, ВМРО-ДПМНЕ ве заборави“

Според него, токму СДСМ го донел законот кој треба да ги штити лозарите и ги зголемил субвенциите и откупните цени, за разлика од моменталната власт која, како што рече, ги оставила без елементарна сигурност.

Ветување: „Ќе бидам вашиот сојузник“

– Доколку ја добијам вашата доверба, Кавадарци ќе има градоначалник кој гласно ќе застане зад лозарите. Ќе се борам за фер услови, исплатливо производство и конкретни мерки од локално ниво – порача Велевски, додавајќи дека ќе биде „гласот на лозарите“ во институциите.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО