Летен метеж на границите: До 45 минути чекање на Табановце и Пелинце

Со зголемувањето на патниот сообраќај во летната сезона, граничните премини низ Македонија повторно се соочуваат со метеж. Најдолги задржувања моментално се бележат на Табановце и Пелинце, каде што патниците чекаат и до 45 минути за премин. На преминот Богородица, кон границата со Грција, времето на чекање е околу 30 минути.

Според информациите од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), состојбата на останатите гранични премини е релативно мирна, но фреквенцијата се менува динамично, особено за време на викендите и попладневните часови.

Од АМСМ апелираат до возачите да бидат трпеливи, да ја прилагодат брзината и да ја следат сообраќајната сигнализација, особено на делниците каде постои ризик од одрони – како што се патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИНТЕРЕСНО:  „Мистеријата на Охридското Езеро“ – нуркач од Бугарија исчезна на 89 метри длабочина, потрагата трае!

Најголем број патници се движат кон Србија и Грција, а се очекува дополнителен пораст на сообраќајот за време на викендот, кога граѓаните заминуваат или се враќаат од годишен одмор. Надлежните препорачуваат патувањата да се планираат однапред и редовно да се следи состојбата на патиштата и граничните премини.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО