„Карпалак – 23 години подоцна: Македонски концепт со жестока порака до бранителите!“

На годишнината од трагичната заседа кај Карпалак, во која загинаа армиски резервисти, партијата Македонски концепт им оддаде почит на жртвите со положување цвеќе на спомен-плочата покрај автопатот Тетово–Скопје.

Делегацијата, предводена од лидерот Петар Богојески, се поклони пред споменот на загинатите. Во објавата по повод настанот, Богојески изрази жалење што, како што рече, „не направивме повеќе за бранителите“, но и упати критика дека „и кај нив има вина, бидејќи не дадоа вистинска поддршка“.

Во одбележувањето учествуваа и претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, како и делегација на Владата предводена од вицепремиерот за политички систем Љупчо Димовски. Цвеќе положија и претставници од кабинетот на претседателката, семејствата на загинатите, здруженија и политички партии.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО