Извештај: Политичари, притисоци и дезинформации ја гушат слободата на медиумите

„Во сенка на слободата на медиумите“ – извештај кој ја оголи реалноста во Македонија

Новиот извештај „Во сенка на слободата на медиумите“ јасно укажува на сериозните проблеми со кои се соочуваат македонските медиуми и новинарите. Негативниот однос на дел од политичарите кон новинарите, политичкиот притисок, економската несигурност, празнините во законите и ширењето на дезинформации ја намалуваат довербата на јавноста во медиумите.

Според авторите, истражувачките медиуми особено тешко опстануваат бидејќи се соочуваат со финансиски проблеми и плати кои се под просекот во државата. Дополнително, дезинформациите често се шират и преку мејнстрим медиуми, што уште повеќе ги разнишува професионалните стандарди.

Голем проблем е и зависноста од државно финансирање, кое во предизборни периоди достигнува милиони евра и, наместо независност, создава клиентелизам и зависност од политичките партии. Авторите посочуваат и на фамозниот член 102 од Изборниот законик, кој отвора врата државата селективно да финансира медиуми.

Јавниот сервис МРТ, пак, се соочува со политички притисоци и финансиска нестабилност, што го прави неспособен да понуди вистинска јавна програма. Локалните медиуми речиси исчезнуваат, создавајќи „медиумски пустини“ во делови од земјата каде граѓаните немаат пристап до информации за локалните проблеми.

ИНТЕРЕСНО:  Шок за Македонците: Банкротираше „Лајонес“ – неизвесна иднината на „Лајконет“!

Онлајн просторот стана нова арена за напади врз новинарите, особено врз новинарките, кои се жртви на вознемирување. Проблем се и СЛАП тужбите (стратешки тужби за спречување на истражувања) кои моќни политичари и бизнисмени ги користат за да замолчат критички медиуми. Според ЗНМ, само 10% од пријавите против закани и напади врз новинари во последните пет години завршиле со судски епилог.

Иако има мали позитивни чекори – како подобрување на безбедноста на новинарите и измени во законите за интернет медиумите – темпото е премногу бавно и зависно од политичката констелација.

Американскиот Стејт департмент во својот извештај за човекови права повторно нотираше дека и во Македонија, како и на целиот Западен Балкан, слободата на изразување и медиумите е ограничена. Јавните радиодифузери се под силни политички и економски притисоци, а онлајн медиумите често се мета на дигитални напади и кампањи за дискредитација.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО