Игорчо Георгиев од Кочани е глава на семејство со четири мали деца, најмалото има само шест месеци. Замина во Германија во потрага по подобар живот за своето семејство, но судбината го врати назад – со тешка дијагноза: Планоцелуларен карцином на вратот и тумор на десната палатинална тонзила. Сега започнува со хемотерапија и радиотерапија во Македонија, но пред него е долга и исцрпувачка битка – не само со болеста, туку и со секојдневието. Игорчо нема приходи, а мора да се грижи за своето семејство. Во периодот на лекување и закрепнување, потребна му е наша поддршка – за храна, сметки, лекови и грижа за децата.
Бројот е 143 999 за двата мобилни оператори, Македонски телеком и А1.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).