Економистот и граѓански активист Зоран Тодоров во понеделник ја поднесе независната кандидатура за градоначалник на Кочани, најавувајќи дека ќе настапи надвор од партиските структури и ќе се фокусира на заедништво и локален развој.
„Некој би рекол дека е фрлена ракавица, но јас велам дека рака кон сите во Кочани е подадена,“ изјави Тодоров во објава на социјалните мрежи. ✋🏽💙
Тој се претстави како сопруг и татко на две деца, роден и израснат во Кочани, и нагласи дека влегува во трката поради желбата градот да стане „место на избор, а не на случаен престој“.
Како основач на повеќе локални организации, Тодоров веќе години се залага за солидарност и поддршка на најранливите категории преку конкретни акции и хуманитарни иницијативи. „Јас сум човек од дела – не од зборови,“ истакна тој.
Неговата изборна порака:
-
„Чекор по чекор, човек до човек“
-
„Нов глас на одговорност, искреност и храброст“
-
„Живот во Кочани – достоинствен, праведен, инспиративен и топол“
Тодоров вели дека сака град кој ќе биде за сите, а не само за малкуте, и најавува избори кои ќе ги фокусираат на реални дела и конкретни промени.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).