ЗНАМ со тешки обвинувања: „Куманово претворено во приватна мафија – фамилија и пријатели на Костоски на буџетска плата!“

ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ во тајни преговори за соработка

На денешна прес-конференција, портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, објави дека движењето е многу блиску до договор со ВМРО-ДПМНЕ за заемна поддршка во Куманово и Центар, а во игра се и уште неколку други помали општини.

Тешки обвинувања за Костоски

Но, центар на настапот на Мемов беа остри напади кон политичарот Мартин Костоски, кого го нарече „лажен патриот“ и човек кој ја претворил политиката во паразитизам. Според него, Куманово под Костоски било претворено во „приватна мафија на буџетски платен список“.

Непотизам без граници

Мемов изнесе имиња и примери:

  • мајката на Костоски – вработена во ЈП „Пазари“;

  • тетка му – вработена во Министерството за одбрана, каде набрзо заминала во пензија;

  • сопругата – прво вработена во Општина Куманово, потоа преместена во Министерството за надворешни работи;

  • куми, кумашини, пријатели, професори и директори – сите згрижени низ институции и јавни претпријатија.

ИНТЕРЕСНО:  Херојска акција: Полицијата и брзата помош спасија жена од сигурна смрт во Вардар!

Цела фамилија на грбот на народот,“ порача Мемов, додавајќи дека ова не било политика, туку лична мрежа за партиска и семејна корист.

Уставни прекршувања и „капитулација“

Портпаролот потсети дека Костоски, како директор на „Службен весник“, објавил два историски документи без потпис од претседателот на државата:

  • Законот за употреба на јазиците,

  • Преспанскиот договор.

Со тоа, според него, директно го прекршил Уставот и учествувал во „злосторничко здружување и напад врз уставниот поредок“.

„Криминален картел ќе биде избришан од Куманово“

Мемов порача дека Куманово повеќе нема да толерира политички картели.

Овој пат народот ќе казни преку гласачкото ливче. СДСМ нема само да биде поразен, туку целосно избришан од политичката мапа на Куманово.“ – изјави тој.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО