Завод за статистика: 91 илјада невработени, но и пораст на сивата економија

Државниот завод за статистика објави дека бројот на невработени лица во второто тримесечје од 2025 година е намален за 1,3 % во споредба со претходното тримесечје, додека на годишно ниво падот изнесува 7,2 %.

Според структурата, од вкупниот број невработени, 65,5 % се мажи, а 34,5 % се жени, што покажува дека невработеноста повеќе ги погодува мажите.

Истовремено, бројот на вработени лица бележи мало намалување од 0,1 %, при што во вкупната бројка 57,2 % се мажи, а 42,8 % се жени.

Она што е особено загрижувачко е фактот дека неформалната вработеност бележи пораст, достигнувајќи 98 095 лица или 8,5 % повеќе во однос на претходното тримесечје.

ИНТЕРЕСНО:  Кој го пали зеленилото? Македонија се бори со 10 пожари во еден ден

Најмногу неформално вработени се регистрирани во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство со 51,4 %, а потоа следи Градежништвото со 17,1 %.

Вкупното активно население во земјата изнесува 792 746 лица, што го вклучува и бројот на вработени и невработени.

Од оваа бројка, вработени се 701 369 лица, а 91 377 лица остануваат без работа, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО