Жерновски: ВМРО-ДПМНЕ изгуби 100 илјади гласачи – граѓаните разочарани од Мицкоски!

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и поранешен амбасадор, Андреј Жерновски, во интервју за „Локално“ изјави дека ВМРО-ДПМНЕ бележи драматичен пад на рејтингот и загуба од над 100 илјади гласачи во споредба со последните парламентарни избори. Информацијата, според него, дошла директно од член на раководството на партијата на Христијан Мицкоски, кој признал дека истражувањата покажуваат молскавичен надолен тренд.

„Ова воопшто не е изненадување за граѓаните кои секојдневно го чувствуваат владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на свој грб,“ изјави Жерновски, потенцирајќи дека разочарувањето е огромно.

Според него, причините за падот на довербата се повеќеслојни: неисполнети ветувања, економска катастрофа, пад на животниот стандард, редица скандали што ја потресуваат власта, како и целосно блокирана иднина на државата.

ИНТЕРЕСНО:  Домашното пред увозното: „Македонско најдобро“ ја буди економската гордост на граѓаните

Жерновски обвини дека работниците се понижени, граѓаните осиромашени, економијата презадолжена, институциите целосно партизирани, а правдата селективна. Дополнително, според статистиките на самата власт, општиот криминал пораснал за речиси 50%.

„Факт е дека досега немало влада која во првата година од мандатот изгубила толку многу поддршка од граѓаните. Тоа говори за длабоката криза во која е власта на Мицкоски,“ изјави Жерновски.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО