Денес се навршуваат девет години од катастрофалните поплави што го погодија Скопје на 6 август 2016 година – трагедија која го промени животот на илјадници луѓе и остави незаборавен белег врз историјата на градот. Стајковци, Смилковци, Сингелиќ и Арачиново беа буквално избришани од надојдените води, а 22 луѓе го загубија животот за само неколку часа.
Сè започна попладнето, кога над главниот град се надвисна досега невидено невреме. Обилните дождови, силниот ветер и електричните празнења создадоа апокалиптична слика – за само два часа беа регистрирани повеќе од 800 удари на гром. За 24 часа наврнале 92,9 литри дожд на метар квадратен, а на Зајчев рид, главната метеоролошка станица, бил измерен рекорден интензитет од 84,5 милиметри дожд во рок од пет часа.
Во хаосот што настана, околу илјада луѓе беа итно евакуирани. Водата носеше куќи, автомобили, цели улици исчезнуваа, а од некои села не остана ништо препознатливо. Местото Дарали во државата Утаракханд беше погодено особено силно, каде надојдената кална река срамни со земја неколку објекти, а десетици луѓе се водеа како исчезнати.
Но, покрај ужасот, се случи и нешто величествено – граѓаните од цела Македонија се обединија во солидарност. Под водство на Црвениот крст и кризниот штаб, беа организирани бројни акции за прибирање на најнеопходната помош за погодените. Луѓе доаѓаа со автомобили натоварени со храна, облека и вода, додека доброволци работeа неуморно за да ги спасат оние што останале заробени. Владата го прогласи 8 август за Ден на жалост во чест на загинатите.
Девет години подоцна, оваа трагедија и понатаму повикува на размислување – дали еден град како Скопје е доволно подготвен да се соочи со елементарни непогоди од вакви размери? Дали по толку загубени животи и уништени домови, беа направени вистински промени за да се спречи повторување на ваква катастрофа?
Скопје се сеќава – и не заборава.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).