Нова директна линија кон Германија – билетите веќе пуштени во продажба
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Wizz Air“ ја објави најновата авионска линија што ќе ги поврзува главниот град на Македонија со германскиот град Келн. Билетите се достапни веднаш преку официјалната веб-страница wizzair.com и мобилната апликација „WIZZ“, по почетна цена од 1.619 денари во еден правец, со вклучени сите задолжителни такси.
„Визер“ сега нуди 34 дестинации од Македонија
Со новата рута, „Wizz Air“ сега нуди вкупно 34 дестинации од Скопје и Охрид, покривајќи 15 држави ширум Европа. Компанијата истакна дека зголемената поврзаност ќе има позитивно влијание врз туризмот, економијата и меѓународната мобилност на граѓаните.
„Посветени сме на регионот“ – порачуваат од компанијата
Андраш Радо, директор за комуникации во „Wizz Air“, изјави:
„Горди сме што ја прошируваме мрежата од Скопје со нова рута до Келн, веднаш по најавата на уште пет нови дестинации. Веруваме дека достапното и удобно патување е клучно за иднината на регионот.“
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).