Посетителите на плажата „Славија“ во Охрид вчера доживеаја несекојдневна сцена – силниот ветер буквално ги откорна чадорите од песокот, ги крена во воздух и ги однесе кон езерото.
Сведоци велат дека чадорите летале неколку метри во височина, пред да завршат во водата. Дел од капачите морале брзо да се тргнат настрана за да избегнат удари.
За среќа, нема повредени, но настанот предизвика паника и бурни реакции кај туристите.
Метеоролозите веќе најавија нестабилно време во регионот со можни силни ветрови и краткотрајни бури.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).