Видео од Ново Лисиче ја потресе јавноста – децата дишат отровен воздух!

Во Фејсбук групата „Ново Лисиче“ утрово беше објавено вознемирувачко видео кое ја прикажува состојбата со загадениот воздух во Скопје. Според снимката, густата токсична магла била видлива со голо око пред основното училиште „Лазо Ангеловски“.

Жителите алармираат дека во вакви услови денес учениците од населбата морале да одат на настава, додека малите деца биле носени во градинка, и тоа во амбиент кој граѓаните го опишуваат како „токсичен и неподнослив“.

Загрижените жители најавија и протест, кој ќе се одржи вечерва во 18 часот пред Мостот Близнаци. Во повикот се истакнува дека граѓаните не смеат да останат рамнодушни кон оваа состојба, бидејќи најмногу страдаат најмладите.

ИНТЕРЕСНО:  Трагедија во Виница: пожарот во „Макпрогрес“ ја уништи фабриката „Винчини“ – што следува?

„Токму заради децата не смееме да отстапиме. Ова е повик на одговорност. Има ли поголема причина за да не бидеме ладнокрвни пред ова лудило? Сите мораме да се избориме за почист воздух и похумани услови за живот“, стои во повикот.

Случајот уште еднаш ја отвора темата за долготрајниот проблем со аерозагадувањето во Скопје, кој во зимските месеци редовно достигнува алармантни нивоа и директно влијае врз здравјето на граѓаните.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО