На 30 август, Битола ќе ја исполни својата историска должност и ќе му подари споменик на Александар Турунџев – комитата чија борба и жртва останаа трајно врежани во колективната меморија.
Церемонијата ќе започне со поворка од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, преку Плоштадот Магнолија и Мостот кај Безистенот, сè до местото каде што ќе биде откриен споменикот. Настанот, според организаторите, нема да биде само оддавање почит на минатото, туку и завет за иднината.
„Турунџев не беше само борец, туку симбол на храброст, жртва и визија. Неговиот споменик не е сенка од историјата, туку светлина за генерациите што доаѓаат“, велат иницијаторите на проектот.
Со ова откривање, Битола добива ново обележје на националната историја и потсетник на еден од најзначајните македонски револуционери.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).