Арсовска пред суд: „Такво време дојде – тепаат жени, па глумат жртви“
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, пред утрешното рочиште во Кривичниот суд со објава на социјалните мрежи го прокоментира случајот во кој командантот Барути Љамалари тврди дека била насилна кон него.
Командантот поднел обид за кривична пријава
– Командантот на вчерашното судење се обиде да поднесе кривична пријава за наводно насилство од моја страна. Тврди дека сум го тепала, повредите според него се потврдени од лекарски извештај од градската болница, кој бил изваден после, рече Арсовска.
Судот ја одби пријавата
Таа додава дека судот и обвинителството вчера одбија да ја прифатат кривичната пријава од страна на Љамалари.
Завршни зборови утре
– На утрешното судење ќе има завршни зборови. Искрено, би сакала уште еднаш да слушнам гласно „како јадел ќутек“. Такво време дојде – ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани, изјави Арсовска.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).