Apple конечно го откри iPhone 17 – еден модел ќе ве остави без здив

Големиот ден за Apple е 9 септември

Apple ја потврди гласината: следниот голем настан ќе се одржи на 9 септември, кога ќе биде претставена новата серија iPhone 17. Компанијата започна со испраќање покани до медиумите и ентузијастите, со слоганот „awe dropping – get it?“.

Целата серија iPhone 17

На настанот ќе бидат претставени:

  • iPhone 17 – класичниот модел за сите корисници;

  • iPhone 17 Air – новиот тенок модел кој го заменува Plus;

  • iPhone 17 Pro – за професионалците и ентузијастите;

  • iPhone 17 Pro Max – најголемиот и најмоќниот во линијата.

ИНТЕРЕСНО:  76-годишна жена руши стереотипи: Нејзиниот избор на облека отвори важна дебата за возраста и самодовербата

iPhone 17 Air – вистинската ѕвезда на шоуто

Најголемо внимание ќе привлече iPhone 17 Air, кој е неверојатно тенок – дебелината му е помала од 6 милиметри! Но, минималната големина носи ограничувања: има само една задна камера и мала батерија. Дали корисниците ќе го прифатат овој модел, ќе покаже времето.

Каде и кога ќе се одржи настанот

Презентацијата ќе се одржи во аудиториумот на театарот „Стив Џобс“ во Apple Park, Купертино. Настанот започнува во 10 часот по локално време, односно во 19 часот по наше време.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО